недела , 22 октомври 2017
gjorcev

Ѓорчев: И покрај лошото време, во Гостивар коалицијата за Македонија одржа митинг со над 5.000 луѓе

Носителот на листата на кандидати за пратеници од колацијата „За подобра Македонија“ во 6ИЕ, Владимир Ѓорчев, денеска на прес конференција, упати јавна благодарност до сите кои присуствуваа на минитнгот што синоќа се одржа на гостиварскиот плоштад.

– Искажувам голема благодарност до сите, кои на темепература од минус пет степени и ветровито време да нé поддржат во толкав број. За разлика од собирот на СДСМ во сала со 450 седишта, ние синоќа имавме митинг на кој имаше над пет илјади луѓе. Освен наши симпатизери, имаше неопределни, од други партии од сите националности. Исто така имаше и членови на СДСМ кои се разочарани или се пасивизирани и имаат намера да го дадат својот глас за унитарна Македонија и зачувување на уставниот поредок, рече Ѓорчев.

На прес конференцијата Ѓорчев посочи дека победникот е познат, но како што нагалси потребни се 63 пратеници за да се сочува стабилен Гостивар и унитарна Македонија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …