недела , 22 октомври 2017
Ivanov ohrid

Ѓорѓе Иванов се вози во запленетата јахта од Трифун Костовски, а тој крстари низ Турција

Ivanov ohrid
Денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов се возеше низ Охридското езеро во јахтата која што пред седум години беше запленета од бизнисменот Трифун Костовски.

Јахтата на семејството Костовски е одземена поради откриени царински неправилности, и ако пред две години од кабинетот на Царинската управа и од кабинетот на престесдателот Иванов демантираа дека претседателот не се вози на јахтата денес има и фотографија на која се гледа како од претседателската вила во Охрид излегува јахтата.

Во изминатите години Костовски исто така обвинуваше и дека индискиот криминалец Субрата Рој се возел во неговата јахта.
subrata jahta

Луксузната јахта „Гобби 315“ бизнисменот Костовски го коштала стотина илјади евра, долга е десетина метри и во неа може да собере десет лица.

Во овој период Костовски заедно со пријателите е на крстарење во Турција.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …