понеделник , 25 септември 2017
kolinda-kitarovikj-540x320

Грабар Китаровиќ: Секоја држава сама одлучува како ќе ги заштити границите

kolinda-kitarovikj-540x320Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, коментирајќи ја новонастанатата ситуација со Словенија поради мигрантите и одлуката на Љубљана да испрати армија на границата, изјави дека секоја држава има право да ги заштитува границите како што самата ќе одлучи.

Таа посочи дека тоа не е акт насочен кон Хрватска туку е примена на шенгенските правила за заштита на словенечката територија.

– Треба да продолжиме да разговараме бидејќи проблемот со миграцијата е сложен проблем, со кој сите се соочуваме. Не можеме да го решаваме одделно, туку на европско и на светско ниво, посочи Грабар Китаровиќ.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …