сабота , 21 октомври 2017
sudija za prekrsoci 2

Градежната мафија во Прилеп ќе почне да одзема и човечки животи

До нашата редакција пристигнаа фотографии кои што се направени денес на локација од бараките на поранешните судија за прекршоци во Прилеп. Имено според возачот кој што поминувал на улицата каде што се изведуваат градежните работи пропаднал дел од асфалтот со што големи биле шансите возилото да пропадне во огромната дупка која што е ископана како подготовка на стамбен објект.

“Јас незнам, навистина не ми е јасно како може ова вака да се гради, ни заштита ни знак ни ништо. Ќе пропаднев со колата, едноставно се отвори земјата ќе ме проголташе видете од самите фотографии дека нема никакво одбележување, ова што се случува е ненормално, градежната мафија ќе почне да одзема и човечки животи !” изјави Златко, човекот пред чие возило пропаднал асфалтот.

sudija za prekrsoci 2

Излеговме на лице место и поразговаравме со сопствениците на куќите од соседството кои што во повеќе наврати реагирале поради изградбата на таа зграда која што ќе им ја земе светлината на околу 7-8 куќи.

“Почетокот на изградбата на оваа зграда е навистина чуден, веќе 5-6 месеци се започнати градежните работи а таблата на 12 јуни е поставена таблата со одобрение за изградбата на овој објект. Со спратноста која што е поставена на сите ни е јасно дека ќе ни биде затворено целото маало и променета климата засекогаш, нејасно е под кои околности е издадено ова одобрение и ќе бараме ревизија на истото од надлежните институции.” изјави еден од жителите на ул. Кеј 9 ти септември, улица каде што се гради спорниот објект.

По одронувањето на асфалтот работниците кои што се задолжени за работа на објектот ја одбележале дупката каде што се одролан асфалтот.

Според одобрението за градба издадено на 11,05,2017 година станбената зграда предвирува подрумски простории + приземје + 5 ката + поктровје. Како инвеститор и изведувач на објектот се појваува ДОО “Инжињеринг ТЕРАКОТА” Прилеп со лиценца бр.И.068/А.

sudija za prekrsoci

“Комшиите” на новата зграда исто така сведочат дека имале негативни искуства со еден од сопствениците кој со својата ароганција и покажување на сила во една прилика изјавил дека ќе гради и има пари да го купи и цело маало ако треба.

Во близина на изградениот објект живее и новоизбраниот министер за Транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој во изјава за медиумите изминатите денови рече дека ќе се проверат сите спорни одобренија за градба и околностите под кои се издадени. Жителите на оваа улица се надеваат дека ќе се земат во предвид нивните жалби и поплаки до надлежните институции и дека ќе биде постапено по закон.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.