недела , 22 октомври 2017
nandziski

Градоначалникот на Берово се возел во службеното возило за лични потреби – заработи кривична

Кривична пријава за градоначалникот на Берово поднесе полицијата. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово во содејство со Одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Д.Н. (59) од Берово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “.

Станува збор за градоначалникот на општината кој според, МВР, како службено лице, во периодот од јули 2015 до јули годинава во повеќе наврати  ја искористил службената положба и овластување.

„Пријавениот го користел службеното патничко возило, сопственост на Општина Берово, без да обезбеди Решение за службено патување во странство од надлежен орган од општината, како и  без патни налози и без покани за службено патување во странство.  Д.Н., вкупно во 32 наврати за свои лични потреби и за потребите на други физички лица, кои ги превезувал со службеното возило,  со што причинил штета на Општина Берово која дополнително ќе биде утврдена“, стои во полициското соопштение.

Драги Наџински или градоначалникот за кој е поднесена пријава сега не е во трка за нов мандат.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …