вторник , 26 септември 2017
132846003-540x320

Градови кои не смеете да ги посетите сами

132846003-540x320Некои дестинации се поопасни од другите, особено за патниците кои сакаат да патуваат сами. За сите вие кои планирате да патувате во некои од овие пет градови без придружба, можеби би било добро да размислите за некои други места.

За многу патници, светот е преубаво место полно со волшебства зад секој агол. За време на секоја нова авантура учиме нешто ново за себе, луѓето, но и за тоа како не гледаат другите. Сепак од сите убави места кои патниците можат да ги доживеат, постојат и многу места кои се сметаат опасни. Секако, и во сигурните „градови“ можете да наидете на проблеми, но според статистиките во овие дестинации опасноста е поголема.

Богота, Колумбија

Овој древен град во Колумбија и натаму е индустриски центар во самото срце на нацијата. Позната по производството на најдоброто кафе во светот и преубавите цвеќиња, илјадници луѓе секоја година ја посетуваат рурална Колумбија во потрага по волонтерска работа, но и туристички. Но многумина од нив не сфаќаат на каква опасност се изложуваат. Терористичките организации, дилерите на дрога и вооружените банди сето тоа остава видлив печат на секојдневните на Богота.

Мексико Сити, Мексико

Секој ден повеќе од 150.000 луѓе ја поминуваат границата меѓу САД и Мексико поради голем број причини. Без разлика дали се во потрага по одмор, работно или во посета на пријатели или роднини, Мексико е популарна и многу достапна дестинација за многу патници од Северна Америка. Така ниту главниот грд не е исклучок. И додека многу медиуми се фокусираат само на проблемите кои се поврзани со границата меѓу САД и Мексико, многу ретки се тие кои се трудат да известуваат за проблемите кои ги мачат туристите при посета на тој град. Во Мексико Сити секојдневно има измами, убиства и борба меѓу нарко картелите. На жените не им се препорачува да патуваат сами со јавен превоз пополноќ.

Лима, Перу

Лима се смета за град со најмногу туристички атракции во Перу, но и во Јужна Амрика и според тоа се наоѓа на травел списокот на многу светски патници. Поради големата посетеност, криминалци во овој град се многу информирани и генијални во своите намери да ги измамат туристите. Од илегални таксисти кои наплатуваат многу повеќе, отколку што би требало до киднапирање на осамени патници, во Лима опасностите се речиси на секој агол.

Њу Делхи, Индија

Њу Делхи, како економски центар на Индија, ги привлекува деловните луѓе, но и туристите. Како и секој град во развој, Њу Делхи не само што го открива неговиот идентитет, туку и опасностите кои доаѓат со забрзаниот развој. Некои од нив се сексуалните напади, особено врз жените. Според Министерството за надворешни работи на Велика Британија сексуалните напади се зголемуваат секој ден. Со тоа на жените им се препорачува секогаш да патуват во друштво и никогаш да не излегуваат сами на улица, особено ноќе.

Џакарта, Индонезија

Популарна дестинација за сите оние кои бараат одмор во тропските предели, Џакарта на своите туристи им нуди здрава доза авантури и единствена култура. Факт е дека Џакарте лежи на подрачјето наречено „огнен прстен“, па затоа е подложена на чести земјотреси. Тоа исто така, би требало да го имате на ум при планирањето на патувањето, особено ако размислувате за патно осигурување. Затоа што само еден земјотрес е доволен, одморот да ви се претвори во ноќен кошмар.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …