четврток , 29 јуни 2017
strajk_mpm-777x437

„Графички центар“ во стечај, новинарите технолошки вишок

Отворена е стечајна постапка за фирмата „Графички центар“, а за стечаен управник е назначен Симон Михајлоски. Одлуката на Основниот суд Скопје 2 денеска е објавена во Централниот регистар.

Во решението на судот пишува дека стечајот е отворен на предлог на доверителите – Друштво за производство, трговија и транспорт ДОНИКА + Мујадин ДООЕЛ експорт – импорт од Тетово и фирмата “ПОЛИГРАФСНАБ” АД од Софија, Бугарија.

Доверителите во рок од 15 дена од објавувањето на решението во „Службен весник треба да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник. Рочиште за испитување на побарувањата и Собрание на доверители на кое, врз основа на извештајот на стечајниот управник, ќе се одлучува за натамошниот тек на постапката е закажано на 4 јуни.

Компанијата „Графички центар“  е сопственик на Медиа Принт Македонија (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“.

Сопственици на „Графички центар“, се „Телеграф“ (со удел од 3,4 милиони евра) и „Мирекс“ на Срѓан Керим (со удел од 1,7 милиони евра).

Во меѓувреме, отворена беше нова фирма „Медиа Принт ДООЕЛ“, каде се префрлени дел од новинарите, а поголем дел од вработените фирмата ги прогласи за технолошки вишок. Вработените најавија жалби на овие решенија.

Од дневните весници остана да се печати единствено „Дневник“, а „Утрински весник“ и „Вест“ продолжија да работат како интернет портали со неколку вработени.

Извор: НОВА ТВ / Маја Јовановска

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …