недела , 22 октомври 2017
21754704_10210328541634293_697193492_o-701x526

Граѓаните платиле по 11 илјади евра за работник во странските компании

Владата потрошила 225 милиони евра за 10 години на 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица. Еден вработен ја чинел државата 11 илјади евра.

Државата се откажала од 69 милиони евра ослободување од данок и царини. Не постоеле критериуми за преговарање. Преговарале советници министри и потоа ги класифицирале документите. Договорите се уште се валидни и активни, информираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на презентацијата на „Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија период од 2007 до мај годинава.

Од тие 20 илјади вработувања не се сите нововработени. Поголемиот дел се вработени преземени од македонското стопанство. Од компаниите само 1% од набавките ги правеле од македонски компании.

Бошњаковски не знаеше колку е просечната плата на вработените во тие компании За некои компании се трошеле 1000 евра, за некои 11.000 евра немало критериуми за поделба на парите.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …