среда , 18 октомври 2017
grandi

Гранди: Унгарија го ограничува пристапот на бегалците

Високиот комесар за бегалци на Обединети Нации, Филипо Гранди изјави дека Унгарија се обидува да го ограничи пристапот на бегалци на нејзината територија.

Гранди, изрази голема загриженост, бидејќи бегалците во Унгарија се затворени во центри во близина на границата, додека ги очекуваат одлуките за барањата и нивните жалби.

„Особено е впечатливо, дека тука постои сосема јасна намера силно да се ограничи бројот на лица на кои ќе им биде дозволено да побараат престој во земјата“, нагласи Гранди.

Гранди изјави дека ја разбира сложената ситуација на Унгарија од политичка и географска гледна точка, но сепак, според него заштитата на бегалците и безбедноста на државата се компатибилни.

Високиот комесар за бегалци на ОН вчера го посети граничниот пункт Рожке. Таму условите за живот се прифатливи, но апсењето на бегалците е алармантно особено кога стану збор за лица меѓу 14 и 17 години.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …