среда , 18 октомври 2017
tsipras 1

Грчкиот пример како предупредување за интеграциите во рамките на АСЕАН

tsipras 1
Академици и политички експерти во Југоисточна Азија деновиве се почесто укажуват дека Асоцијацијата на десетте држави од регионот АСЕАН, треба внимателно да ја преиспита платформата за поголема интеграција и прогласување на Екоомската заедница на овие земји на крајот на годинава.

Политичарите од регионот имаат можност да извлечат поуки од грчкиот пример во ЕУ и треба да ги пресметаат сите ризици од интеграцијата, порачуваат аналитичарите.

Аналитичарите, кои сметаат дека државите од АСЕАН нема да се откажат од прогласување на економско-политичка заедница со правила речиси идентични на ЕУ, укажуваат дека правилото за консензус при донесување на одлуките може да стане голема пречка во дејствувањето на идната заедница и на политички и на економски план.

Официјалното прогласување на функционирањето на Економската заедница на АСЕАН ќе се случи на самитот на Асоцијацијата во Куала Лумпур, на крајот на годинава.

Во регионот со над 600 милиони жители и вкупен БДП од над 3.600 милијарди долари, ќе бидат отворат границите за слободен проток на луѓе и стоки, од што за сите се очекува бенефит на политички, безбедносен, економски, социјален и културен план.

Најзначајна порака до политичарите од регионот дојде вчера од научен собир во Џакарта, на кој учествуваа академици, универзитетски професори и експерти од сите членки на АСЕАН, во која се бара политичката повелба за новиот вид на интеграција во регионот да содржи и определба според која на секоја петта, а најмалку на секоја десетта година. државите-членки ќе имаат обврска да ги преиспитаат и оценат предностите и слабостите на сојузништвото.

АСЕАН е заедница на држави во кој членуваат Филипините, Малезија, Брунеи, Сингапур, Индонезија, Виетнам, Мјанмар, Лаос и Камбоџа. Генералниот секретаријат на АСЕАН е во Џакарта.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …