вторник , 26 септември 2017
evro-atina-540x320

Грчките државни службеници и воените лица најпогодени од реформите на пензиите

evro-atina-540x320Првиот бран промени во пензискиот систем на Грција најмногу ќе влијае на државните службеници, воените лица и луѓето кои се предвремено пензионирани.

Грците кои се пензионирале од почетокот на 2011 година до септември 2015 година ќе добијат ревидирани пензии, а постепено ќе се зголемува и возраста на пензионирање.

Покрај тоа, законот предвидува дека едно лице треба да има 67 отсто инвалидност, за да биде ослободено од новите минимални пензии. Казните за предвремено пензионирање се уште се во сила.

Законот исто така предвидува ретроактивно намалување од 10 отсто на пензиите за оние кои предвремено се пензионирале во јавниот сектор, а воените офицери повеќе нема да можат да се пензионираат на возраст помала од 58 години.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …