вторник , 26 септември 2017
parno---m-janevska-ilieva

Грејната сезона ќе почне утре

parno---m-janevska-ilieva
Од утре, 15 октомври, официјално почнува грејната сезона. Од „Балкан енерџи груп“ за „Мета“ велат дека сè е подготвено за почетокот на грејната сезона и дека граѓаните ќе добијат парно доколку температурата по 21 часот падне под 12 степени.

Според последните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21 часот, граѓаните ќе имаат парно до 22 часот.

Исто така, новина е што нема да се чека температурата да се спушти под 12 Целзиусови степени три последователни дена, туку парно ќе има ако прогнозата на УХМР за следниот ден предвидува температура пониска од 12 степени.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која беше соопштена кон крајот на јули, граѓаните што се приклучени на системот за парно греење на „Балкан енерџи груп“ ќе плаќаат поевтино парно за 0,19 проценти, на „ЕЛЕМ енергетика“ за 0,86 проценти, а сметките на „Скопје Север“ АД ќе останат исти./ МЕТА

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …