сабота , 21 октомври 2017
greek euro

Грција доби 7,7 милијарди евра од спасувачката помош

Грција денеска по месеци на несогласувања ја доби новата транша од 7,7 милијарди евра (8,7 милијарди долари), јави ДПА.

Грција, која натрупа голем број долгови има потреба од кредити за да ги исплати долговите во вредност од седум милијарди долари овој месец и да избегне нова финансиска криза.

Меѓународните кредитори на Грција со месеци имаат различни ставови за тоа како да дејствуваат со спасувачкиот пакет за Грција. Тоа е третиот пакет, откако пред седум години земјата западна во сериозни финансиски потешкотии.

Советот на директори на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) објави дека Грција ги исполнила сите неопходни реформи за да може да ги добие парите.

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …