вторник , 26 септември 2017
(FILES) A woman holds several Euro and US dollar notes in London 18 April 2007. The euro briefly struck a record pinnacle against the dollar early on Wednesday 11 July 2007 amid US housing market concerns and the prospect of rising interest rates in the eurozone, dealers said. The European single currency touched 1.3787 dollars in early deals -- which was an all-time record high point. It later pulled back to stand at 1.3739 dollars.   AFP PHOTO/FILES/BERTRAND LANGLOIS
(FILES) A woman holds several Euro and US dollar notes in London 18 April 2007. The euro briefly struck a record pinnacle against the dollar early on Wednesday 11 July 2007 amid US housing market concerns and the prospect of rising interest rates in the eurozone, dealers said. The European single currency touched 1.3787 dollars in early deals -- which was an all-time record high point. It later pulled back to stand at 1.3739 dollars. AFP PHOTO/FILES/BERTRAND LANGLOIS

Грција – Елдорадо за странски инвеститори

(FILES) A woman holds several Euro and US dollar notes in London 18 April 2007. The euro briefly struck a record pinnacle against the dollar early on Wednesday 11 July 2007 amid US housing market concerns and the prospect of rising interest rates in the eurozone, dealers said. The European single currency touched 1.3787 dollars in early deals -- which was an all-time record high point. It later pulled back to stand at 1.3739 dollars.   AFP PHOTO/FILES/BERTRAND LANGLOIS

Етнос – Атина

Посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд заедно со група француски бизнисмени на Атина беше израз на динамиката на инвестициски интерес и ако таа динамика биде сменета со колебливото, но сепак задоволително навлегување на капитал во земјата на основа на очекувањата за раст, може да се извлече заклучокот дека Грција се претвора во современо Елдорадо.

Институционални инвеститори, но и приватни лица, се решени да ги вложат своите капитали во Грција и да склучат зделки во сектори како енергетиката, банките, туризмот, морепловството, недвижниот имот, логистиката, градежништвото, како и во други области.

Несомнено голем предизвик се трите милијарди евра кои се очекува да пристигнат во Грција, да ја променат сегашната реалност и да отворат нови конкуренстки можности за инвестиции. И покрај жестоката економска криза која Грција ја преживува од 2010 година до денес, може да се каже дека испесите на земјата во привлекувањето странски инвестиции беше доста задоволително во 2014 година, и вкупниот проток на капитал се искачи на 2,6 милијарди евра.

Америански инвеститори очекуваат големо економко и политичо враќање на Грција сметајќи дека местоположбата на земјата во регионот добива се поголема улога заради длабоките политички безредија во југоситочното Средоземноморие, а најмногу во Турција, Сирија и Египет. Тие гледаат силни шанси за регионот и од новите наоѓалишта на јаглеводороди, кои се сметаат за алтернативен енергетски извор на Европа.

Треба да се одбележи дека „американската инвеситицкс манија“ започна да се појавува уште за време на претходната влада во Грција, од што се очекуваше да даде притисок за засилување и и развој на реалната економиија и за враќање на земјата како порта на Европа.

Доказ за тој интерес беше неодамнешната посета на Атина на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, која по разговорите со грчкиот министер за надворешпни работи Никос Коѕиас, ја истакна улогата која Грција може да ја игра во прашањата за европската енергетска безбедност. Таа рече и дека во енергетскиот сектор има огромни можности за Европа и најмногу за Грција.

Викторија Нуланд рече уште и дека „американските компании со нетрпение чекаат да се вратат во Грција и дека грчката економија може да привлече уште повеќе економски интереси“.

Се отвара можноста за директни странски инвестиции затоа што брзата реализација на реформи и паѓањето на цените на земјиштето, на капиталите, на трудот за време на кризата создаваат нови значајни инвестициски можности.

Во тој контекст предвиденото искористување на државните имоти и природното богатство се очекува да потпомогне ште во инвестициската рамка.

И вака и онака предностите на Грција (геолполитичи, климатски, историски и други) ќе додадат доплонителна вредност на инвестициите во редица секторикои очигледно не беа засегнати од економската криза, и тие сега се на пат да бидат искористени и ефектуирани. Како што се вели, „Грција е земјата во која можеш се да искористиш, а во таа смисла да го продадеш и нејзиното сонце“.

Експерти посчуваат уште еден друг факт за инвестиции. А тој е дека Грција и покрај кризата ја зачува предоста на земјата со својата стратешка местоположба и дека што се однесува до нејзиниот туристички сектор, кој се смета за тешка индустрија на земјата, до 2020 година Грција може да прифати 30 милиони туристи а од тоа да влезат приходи до 20 милјарди евра.

На списокот на најсилно инвестициско присуство во Грција во последниве годни се „класичните“ држави за извоз на капитали, како Германија, Франција, Велика Британија, Луксембург и Холандија. Значајно е и присуството на Кипар, САД и Швајцарија. Инвестициската активност во зејмата е набљудува и од компании кои се присутни на значајни пазари, како што е тој на ЕУ.

Германија останува првата држава со инвестиции во Грција. На второ место зад неа се Велика Британија, а на трето е Франција, но процентната разлика со Германија е голема (заради главното присуство на Дојче телеком во грчкото ОТЕ). Следуваат САД, која во споредба со претходните години го зголеми своето инвестициско присуство во Грција.
Велика Британија, Швајцарија и Кипар исто присуствуваат активно.

И додека во екот на кризата беше регистриран пад на дирекетните странски инвестиции се га се забележуваат надежни перспективи за привлекување на такви од Русија и Источна Европа, Блискиот исток, арапските земји, посебно од Кина, која се интересира најмногу за сектори како енергетиката, телекомуникациите, туризмот, транспортот и испораките.
Во репотажа на Би-Би-Си беше посочено дека од 2013 година наваму Кина е веќе меѓу државите кои се обидуваат да се здобијат со инвестициски делови во Грција.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …