среда , 28 јуни 2017
Greece-Euro-Crisis-300x199

Грција ќе изгуби од 800 милиони до 1,6 милијарди евра поради Брегзит

Грција ќе загуби од 0,4 до 0,8 отсто од бруто домашниот производ или од 800 милиони до 1,6 милијарди евра поради Брегзит, соопшти грчката Централна банка.

– Тоа ќе биде цената по 2019 година што ќе ја плати Грција пооради излегувањето на Велика Британија од Европска унија, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катрунгалос, пренесува БТА.

Тој додаде дена се уште нема конечни оценки колку ќе изгуби Грција од Брегзит, но очекува дека најголеми загуби ќе има во сферата на туризмот и во извозот.

Слични написи

nbrm-zgrada-s

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница, на која …