сабота , 21 октомври 2017
grubi

Груби бара Германија да помогне во решавањето на спорот за името

Пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, денеска во Собранието имаше средба со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, на која се разговарало околу состојбата и политичката сцена во земјата, спорот за името, јазичната еднаквост, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ.

„Пратеникот Груби и се заблагодари на германската амбасадорка за големата поддршка на Берлин и нејзината лична поддршка за оформување и создавање на една демократска Македонија која ќе биде целосно интегрирана во НАТО и ЕУ. Беше укажано за улогата што ја имаше германската амбасадорка Алтхаузер за време на политичката криза која беше многу конструктивна и во исто време пријателски натроена кон земјата и граѓаните.

Груби зборуваше и за различните идеи за решавање на прашањето за името и побара помош од Берлин за надминување на овој предизвик, со што, изрази уверување за решавање на споровите во Скопје преку системските реформи“, се наведува во соопштението.

Груби рекол дека постигнувањето на компромис за добивање на покана за членство во НАТО го отвора патот на одржлива стабилност во земјата и регионот. Соговорниците разговарале и околу јазичната еднаквост во согласност со Охридскиот договор.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.