вторник , 27 јуни 2017
artan-grubi

Груби: Една канцеларија не е институција, новата опозиција да се помири

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби рече дека една канцеларија не е институција, туку дека Талат Џафери е институција и новата опозиција мора да се помири со тоа.

Тој кажа дека денеска до Собранието ги доставиле потребните документи за во Службениот весник официјално да биде објавено дека Талат Џафери е новиот собраниски спикер.

Груби нагласи дека не може да се заседава во канцеларијата која ја узурпираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш нагласи дека една канцеларија не е институција.

Во изјавата за медиумите тој кажа дека немаат никаков контакт со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Груби рече дека Талат Џафери ќе достави писмо до Иванов со кое ќе го побара мандатот во моментот кога ќе завршат сите процедури, односно кога Службен весник ќе објави дека Џафери е новиот претседател на Собранието.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …