среда , 26 јули 2017
Nikola-Gruevski-int105-1_201491792125-685x320

Груевски го честита празникот Рамазан Бајрам

„Почитуван Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија

Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.

Големите верски празнувања се можност да се навратиме на вредностите и традициите кои се темел на исламската, но и на другите религии. Овие моменти да ги посветиме на семејството, да помогнеме на тие што им треба помош, но и да се воздржиме од лоши мисли. Тие вредности и чистиот дух се дел од денови поминати во пост. Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот. Чесниот живот и посветеноста на семејството се основа на градење на добро и функционално општество.

Посветеноста на Бога е заедничка на сите кои живееме на овие простори. Дозволете да повикам на слога и заедништво во сите области кои се заеднички за нас и нашите граѓани. Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори. Македонија секогаш била пример за соживот, почит и разбирање и само така може да очекуваме позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Заедно да работиме за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок во образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Само со заедничка работа може да создаваме дела и вредности кои на следните генерации.

Нека е за многу години празникот! Нека е честит Рамазан Бајрам!“, се вели во честитката на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по повод празникот Рамазан Бајрам.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …