сабота , 21 октомври 2017
gruevski-ilinden

Груевски: Постојано сум на терен, ова не е предизборна кампања

gruevski-ilindenАко претседателот на Владата не е постојано на терен, тоа не е добро и може да се забави работењето на одредени институции, да се загуби контактот со граѓаните и со нивните проблеми, е одговорот на премиерот Никола Груевски на новинарското прашање дали неговото постојано присуство на терен е предизборна кампања.

– Од првиот ден на моето работење сум во постојан контакт со граѓаните. Постојано сум и на терен, нормално и во канцеларија и на состаноци и на патувања, меѓутоа клучното и основното е да го чувствувате теренот, да ги чувствувате потребите на граѓаните, нивните проблеми, да се врши контрола на тоа што е зацртано, да се работи и тоа што е ветено. Некому, тоа му изгледа чудно, некој тоа го критикува или го исмејува. Меѓутоа, знам дека мнозинството граѓани во Македонија тоа го поздравуваат и така и ќе продолжам во иднина – рече премиерот Груевски.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.