вторник , 26 септември 2017
che

ГРУЕВЦИ, ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА „БОМБИТЕ“ ДА СИ ГО СТАВИТЕ ВО Г.З!

Колумната не се препорачува за деца под 77 години
Неопходен е надзор на родител или старател

 

А значи тука ве болел забот, а? Тоа е тоа што ве мачело и што ве правело нервозни изминативе 7-8 месеци, нели, портокалова бандо? Значи до „бомбите“ било? Ами нели до вчера тврдевте дека жолтото комбе на странските служби возејќи слалом низ барокните згради и мермерните споменици, тајно и незаконски ги снимало телефонските разговори на жителите на Скопје? Па после снимките му ги дале на Заев, кој истите ги сечел, лепел, креирал и монтирал?

И што направија сега со предлагањето на оној моронски закон? Таман почнав да верувам во приказните за нивната чесност, наивност и невиност, тие самите си ги турнаа гаќите – Грујо на Али, Али на Грујо. Којзнае колку многу им било тешко штом се решиле на ваков очајнички чекор!?

Верните браќа по оружје, „комитите“ и „терористите“, лавовите и орлите, портокаловите и калашниковите, Пастирот и Командантот, се најдоа во тесно. Часовникот одбројува, Заев не се откажува, странците притискаат. Исчезна насмевката од лицето на чедото на мајка Нада. Ѓаволот ја однел шегата. Идризово ги отвора вратите.

Во време кога домашната јавност и меѓународната заедница очекуваат усвојување на изборната регулатива и формирање на преодната Влада, предлагањето закон со кој ќе се забрани повторно објавување на веќе објавените опозициски „бомби“, најблаго речено, е малоумно.

Колку треба да ви е густо за да предложите закон кој предвидува затворска казна од најмалку четири години за секој кој „неовластено поседува, обработува и располага на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации“?

Повеќе е од сигурно оти оваа карикатура од закон нема да се најде на дневен ред во највисокиот законодавен дом, камоли пак да биде усвоен. Ама, хипотетички, дури и да се изгласа, знам дека најголемиот број од новинарите немаат намера да го почитуваат и дека на предлагачите ќе им го покажат средниот прст. Или уште поконкретно, без и најмала грижа на совест за искажаната вулгарност, ќе им порачаат на Груевци, Алиевци и останатите провладини криминалци, моронскиот закон да си го стават во г.з! Извини Грујо, ама морално беше!

Владејачката мафијашка коалиција тоне во жив песок. „Интегративците“ на Ахмети се дезориентирани. Партијата им ја растураат тие кои им ја формираа. Во портокаловите редови пак, многумина од довчерашните најверни соработници на Грујо наголемо ги пакуваат куферите. Ама од памтивек било така – каменот секогаш доаѓал одблиску.  

Едни чекираат карти за Америка, други вадат дипломатски пасоши, трети одат кај Заев на поклонение. Арно ама „исток ги отпишуе, запад не ги запишуе“. И затоа после 24 април, целата таа багра која за 10 години владеење ја уништи перспективата на десетици илјади млади луѓе и ја врати државата 30 години назад, мора да заврши на едно место – во прдекана!

И сите полека се прилагодуваат кон играта, освен сопствениците на потпишаните меници чучнати во пратеничките клупи. Ним, кутрите, двете нозе им се во еден чевел. Две платија да се фатат, ама сега и пет им се малку за да се пуштат. Пастирот им ги купи душите, им ја зеде слободата. Ќе ги цеди како лимон, ќе ги третира како телетабиси и еден по еден ќе ги пушта низ вода сѐ додека постои и теоретска шанса да го спаси сопствениот задник. И сѐ така до првото поднесено обвинение од страна на специјалната обвинителка, кое ќе значи почеток на крајот на кариерата на најголемото зло кое ја навасало Македонија во нејзината понова историја.

Не знам како вие ја примивте веста дека Бате Саше се откажува од дипломатскиот пасош, ама мене тоа многу ме погоди. Па како можеше тоа да му се случи токму нему, на Бате Саше? Па зарем нашиот Бате Саше да биде фатен со двете раце во медот?

Трогателно и срцепарателно прозвучи неговата жалопојка дека во недостиг на идеи и поддршка од граѓаните, било очекувано СДСМ преку своите медиуми фокусот да го ставел на црната кампања и напади на лична основа заради негова дискредитација.

Ќе признаете, само брилијантен ум како неговиот може да смисли вакво нешто!

А го рече и ова:„Останувам и продолжувам да се борам за интересите на Македонија и македонскиот народ“.

За да не останат нерасчистени некои дилеми: Бате Саше сигурно останува во државава и нема да замине за Белизе, Чешка или некоја трета непозната дестинација. Но не по сопствена желба, туку затоа што тоа не му го дава Големиот Брат.

Што се однесува, пак, до неговиот патриотски восклик дека ќе продолжел да се бори за интересите на македонскиот народ, граѓаните му порачуваат:

„Аман Бате Саше, немој не брани нѐ“!  

 

Автор:
Чеге Вара <Прилеп, ебаго!…….(89)>

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …