недела , 24 септември 2017
18362136_10213612779620786_318989880_o-680x365_c

Грујовски болен за СЈО, но здрав за ракомет

Според она што одбранатаво предметот „Тврдина 2“ денеска го приложи во Судот, екс-началникот на Петтата управа Горан Грујовски добил боледување на 24 април овој месец. Но, Порталот НОВА ТВ објави фотографија од Горан Грујовски, направена три дена по отвореното боледување од 27 април на која се гледа дека тој со пријатели навива на наптпреварот „Вардар – Фленсбург“ во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Фотографиите ги испрати извор од полицијата којшто случајно се нашол на истиот натпревар со началникот Грујовски. Обвинителот Трајче Пеливанов денеска по излегувањето од судницата, рече дека тие се сомневаат во болеста на Грујовски и ќе бараат проверка на документацијата, односно на видео-снимките и на системот за евиденција во УБК. Тој спомена дека првообвинетиот бил забележан во МВР деновиве.

НОВА ТВ дознава дека Грујовски бил во дворот на полицијата и на денот на немирите во Собранието. Новото боледување на Грујовски за прв пат е изадено од нов лекар. Досега неговите боледувања ги издаваше сопругата на еден пратеник која што е психолог по професа. Истиот пратеник според извори на НОВА ТВ во истрагата бил забележан и како ги отвора вратите за влез на насилниците во Собранието.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …