недела , 22 октомври 2017
google-headquarters-sign

Гугл се жали на рекордната казна од европските власти

Американскиот интернет гигант Гугл се жали на рекордната казна од европските антимонополски власти од 2,4 милијарди евра, која на таа компанија и е изречена поради фаворизирање на сопствени услуги за онлајн купување, пренесуваат агенциите.

Жалбата е доставена до Европскиот суд за правда во Луксембург.

Со поднесувањето на жалбата, не се суспендира казната, што значи дека Гугл и понатаму има обврска да ја плати.

Официјален Брисел во јуни иму изрече рекордна казна на Гугл по основ на обвинение за давање предност на своите услуги во резултатите на пребарувањето, што ја загрозува конкуренцијата, како што се TripAdvisor и Expedia.

Гугл тогаш доби рок од 90 дена да ја испочитува одлуката или во спротивно ќе се соочи со нови казни.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …