среда , 20 септември 2017
fetula

Ѓулен им дал наредба на своите приврзаници да ја напуштат Турција, преправени во сириски бегалци

Исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД им наредил на своите приврзаници да ја напуштат Турција, преправени како сириски бунтовници, според извештајот на турското разузнавање за активносите на организацијата на Ѓулен, која според турските власти стои зад обидот за преврат во Турција во јули минатата година, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Во извештајот од 26 мај се посочува дека Ѓулен им ја дал таа наредба на т.н. „имами“, кои се ракоодни кадри на организацијата.

Според извештајот, изготвен по читање на шифрирани соопштенија и испратен до соодветните државни институции, Ѓулен ја издал таа наредба по задржувањето на околу 1.200 негови приврзаници во полициските операции.

„Имамите“ стапиле во контакт со трговци на луѓе и склучувале договори со нив за да ја напуштат земјата.

Фалсификуваните зелени пасоши биле изготвувани за секој член од групата за пет илјади евра. Цената за напуштањето на земјата исто така била пет илјади евра.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …