петок , 22 септември 2017
fetula

Ѓулен ќе го изгуби државјанството доколку не се врати во Турција

Турските власти сопштија дека Фетулах Ѓулен, проповодникот кој живее во САД, и кој е обвинет дека стои зад осуетениот обид за преврат во Турција, што се случи во јуни минатата година, ќе го изгуби турското државјанство доколку не се врати во Турција во рок од три месеци.

Оваа одлука е објавена во турскиот Службен весник, а Министерството за внатрешни работи направи список од 130 лица, кои исто така ќе го загубат државјанството доколку не се вратат во Турција.

На списокот се наоѓаат и двајца пратеници од турската прокурдска партија, Фајсал Саријијилдиз и Тугба Хезер, кои се обвиниети за тероризам, а се верува дека живеат некаде во Европа.

Гулен во некоку наврати го демантираше тврдењето на турските власти дека стои зад неуспешниот обид за државен удар.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …