сабота , 21 октомври 2017
gulen

Ѓулен: Немам намера да побегнам во Канада за да избегнам евентуална екстрадиција

Исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен изјави дека нема намера да побегне од САД и е согласен за екстрадиција ако Вашингтон прифати такво барање од Анкара.

Ѓулен (79) отврфли тврдења на турската Влада од февруари дека тој се подготвува да побегне во Канада за да избегне екстрадиција.

– Тие информации не се точни, изјави тој. – Ако САД сакаат да ме екстрадираат јас ќе заминам за Турција, додаде Ѓулен.

Тој го осуди консолидирањето на власта на Реџеп Таип Ердоган и конфискувањето медиуми, нарекувајќи го турскиот претседател – диктатор.

,Тој ги повикува владита на САД и европскте држави да направат повеќе за да се вратат политичките слободи во Турција.

– Ако Ердоган слушне силен глас од САД и ЕУ, ЕП, Брисел, во кој се вели – Тоа што го правите е погрешно…судскиот систем не работи. Тогаш можеби тој ќе ги промени ставовите, вели Ѓулен.

Во врска со обидот за преврат во Турција од 15 јули лани, тој нагласува дека никогаш не поддржал „преврат или симнување власт“. Анкара тврди дека Ѓулен го организирал обидот за пуч преку мрежата за поддршка во државните структури.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …