понеделник , 25 септември 2017
Gëzim-Ostreni-gjatë-prezantimit-të-partisë-së-tij

Гзим Острени се одвои од ДУИ, ја формира партијата Унитети

Gëzim-Ostreni-gjatë-prezantimit-të-partisë-së-tij
Поранешниот началник на Генералштабот на ОНА Гзим Острени, пратеникот Зулфи Адели и уште неколку поранешни функционери од ДУИ денеска ја официјализираа новата политичка партија Унитети, пренесе Лајм.

„Идеите на нашите партии се контролирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и со обидот да се обезбеди монопол за себе, Албанците се чувствуваат несигурни за прашања за кои гласаа претставници. Охридскиот договор не се имплементира, бидејќи тие се заколнале дека ќе бидат лојални на државните органи. Цениме дека албанските парламентарни партии се вазали на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата цел е создавање на нова алтерантива за понатамошниот демократски развиток во Македонија. Ние ќе работиме на градење на меѓуетничка доверба и воспоставување на граѓанска држава“, изјави Острени.

Фото: ПортАлб

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …