среда , 18 октомври 2017
hamasi

Халед Мешаал: Хамас и Израел водат преговори за примирје

hamasiЛидерот на палестинското движење Хамас, Халед Мешаал, изјави дека со Израел се водат преговори за примирје, на кои се уште нема спогодба, но тие минуваат во позитивна атмосфера, пренесе ДПА, цитирајќи го весникот „Ал Араби ал Џадид“.

Израел во понеделникот соопшти дека со ова исламистичко движење, што го контролира Појасот Газа,  не се водат ниту директни, ниту индиректни преговори.

-Разговорите се развиваат позитивно, но се уште не сме постигнале спогодба, рече Мешаал во интервју за преговорите, за кои тој тврди дека се во тек.

И покрај тоа што во Газа од минатата година има де факто примирје, ситуацијата за жителите на енклавата е неиздржлива, бидејќи се наоѓаат под сурова блокада, рече водачот на Хамас.

Мешаал подвлече дека Хамас нема да го остави оружјето се додека трае израелската окупација на палестински територии.

Поранешниот британски премиер, Тони Блер, во последните неколку месеци разговарал со Мешаал за евентуален долгорочен прекин на огнот, додаде ДПА.

Од 2008 година Израел водеше три војни во Газа со Хамас и со другите групи, во кои загинаа илјадници луѓе, од кои повеќето беа цивили Палестинци, покажуваат податоците на ОН и на организаците за правата на човекот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …