вторник , 24 октомври 2017
Nimetula halimi vozilo

Хаљими за Либертас: Автомобилот што продава дињи е на министерството, но не е мојот!

Nimetula Halimi
Заменик министерот за транспорт, Ниметула Хаљими, негира дека вчера објавеното возило на пазар со кое се продава дињи е неговото службено возило.

– Шпекулација е дека е тоа службениот автомобил со кој се возам јас. Друго возило должи и користи мојот кабинет на заменик министер, а ова што е на фотографијата е на министерството за транспорт, но не е моето – тврди во изјава за Либертас заменик министерот за транспорт.

Хаљими за Либертас изјавил дека неколку дена бил на пат со службеното возило и се вратил доцна синоќа, и ја видел фотографијата на автомобилот со дињите на пазар.
Категоричен е дека не е неговиот службен автомобил туку друг кој е на министерството. Чиј е односно кој го користи Хаљими не открива, вели: Проверете во министерството за транспорт.

Вчера повеќе медиуми меѓу кои и Либертас, ја пренесоа информацијата и фотографијата според која службеното возило на заменик министерот за транспорт се користи деновиве за продавање дињи на кванташкиот пазар.

Министерството за транспорт засега не реагира на оваа очигледна злоупотреба на службениот автомобил.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …