вторник , 24 октомври 2017
hanEU

Хан : Брисел сака државите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија

Брисел сака државите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија, а една од главните причини е младите луѓе да се задржат во своите држави и да не ги напуштаат, порача денеска во Трст европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

Зборувајќи на самитот на лидери на западнобалканската шесторка Хан рече дека тоа би ги намалило тензиите од минатото.

-Задача на политиката е да обезбеди рамки додека одговорноста за економско поврзување е на бизнис заедницата.

Хан додаде дека размената меѓу ЕУ и држави од регионот била 44 милијарди евра во изминатите 10 години.

-Овде сме да видиме што досега е направено во рамки на Берлинскиот процес како и да утврдиме понатамошни задачи. Тоа на што мораме да работиме е младите да останат во регионот. Тоа е начин да се симнат сите тензии од минатото и да се креираат услови за нивно останување
– изјави тој.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …