недела , 24 септември 2017
hanEU

Хан: Ќе притиснам за итен напредок на политичкиот договор

hanEUЕврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе изврши притисок врз лидерите на политичките партии за да го спроведат Договорот од Пржино.

„На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на политичкиот договор“, напиша Хан на својот твитер-профил. Ова е трета посета на еврокомесарот на Македонија во последните четири месеци.


Европската унија неколкупати апелираше до политичките партии да ги почитуваат утврдените роковите и законот за специјален обвинител, предвидени со Договорот од Пржино.

Политичките партии викендов постигнаа договор за изборниот законик, по двенеделно пробивање на рокот. Законот денеска би требало да се најде пред пратениците во Собранието.
Според Договорот од Пржино, до утре треба да се изберат нови министри и заменици-министри на преодната влада./ МЕТА

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …