недела , 22 октомври 2017
353898

Харадинај и Пацоли договориле влада?

Приштинскиот весник “Епока е ре” тврди дека е постигнат договор меѓу Алијансата за ново Косово на Беџет Пацоли и “воената коалиција” на Рамуш Харадинај, составена од Демократската партија на Косово, Сојузот за иднината на Косово и Иницијативата за Косово.

Осврнувајќи се на неименувани извори од таканаречената  воена коалиција, весникот вели дека овој договор наскоро ќе биде презентиран пред јавноста.

Пал Лекај, заменик-лидер на Алијансата за иднината на Косово, изрази верување дека оваа недела ќе биде конституиран косовски парламент и формирана влада.

Речиси три месеци од вонредните парламентарни избори во Косово, Приштина сé уште нема парламент и влада.Новата конститутивна седница е закажана за 7 септември.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …