вторник , 26 септември 2017
hazbi-lika

Хазби Лика не може да гарантира закон за припадниците на ОНА

Новиот вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика, за Алсат М вели дека нема конкретен план за решавање на статусот на поранешните членови на ОНА и на семејствата на паднатите борци. Лика  вели дека не може да гарантира закон сличен на тој за бранителите, бидејќи засега нема таков договор во новата влада, исто како што било и со претходните влади.

– Не можам да кажам дали ќе се усвои некој закон. Бидејќи досега договорите што се направени меѓу албанските партии и во сегашната владина коалиција, не успеале да се договорат за такво нешто. Мислам дека со текот на времето треба да се види и оваа работа, ако е можно, барем семејствата на паднатите борци и оние што беа ранети за време на војната да се третираат од државата – изјави Лика.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …