сабота , 21 октомври 2017
helsinskiKomitetdd-480x320

Хелсиншки комитет: Расизам и ксенофобија на прилепскиот базен „Маркови кули“

Повеќе од 400 лица од Прилеп и од Прилепско од 1 јули годинава на градскиот базен „Маркови кули“ во Прилеп се соочиле со расизам, односно не им било дозволено да го користат базенот поради бојата на кожата.

Според Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП), до Комитетот и до здружението „Ромска солза“ од Прилеп, се обратиле повеќе од 400 лица од ромска етничка припадност, наведувајќи дека повеќепати во изминатиот месец и половина, биле спречени да го посетат Градскиот базен „Маркови кули“ во Прилеп.

„Во изминатите години никогаш не се случило ниту едно лице, од ниту една етничка припадност да биде вратено од градскиот базен и да не му се дозволи влез. Лицата кои ги пријавија овие случаи се на различна возраст и од различен пол и секој од нив поединечно го наведе своето искуство од обидот да го посети градскиот базен. Од изјавите може да се заклучи дека лицата се обиделе да влезат на базенот во различни денови, поединечно и во групи, со семејството, со пријатели од различна етничка припадност, еднаш или повеќепати. При обидот за влез во базенот лицата биле враќани од обезбедувањето, со образложение дека од оваа година, по налог на сопственикот на базенот, нема да се примаат Роми. На дел од нив им било кажано дека оваа одлука на сопственикот треба да ја пренесат и на другите Роми кои ги познаваат бидејќи нема да бидат примени ниту тие. Дел од нив кои пристигнувале на базенот со лица кои немаат темна боја на кожата, биле спречувани да влезат, додека нивните пријатели кои имале светла боја на кожата биле пуштани“, наведува ХКЧП во својот месечен извештај за човековите права во Република Македонија за август.

Во извештајот се споменува и одлуката на Народниот правобранител за поднесена претставка од Мрежата за заштита од дискриминација во врска со дискриминаторски содржини во учебникот „Граѓанско образование“ за осмо одделение, како и говор кој промовира и поттикнува омраза насочен кон бегалците и мигрантите кои како дел од светската бегалска криза, транзитираат низ Република Македонија, во врска со предложената стратегија за интеграција на бегалци и на странци во Република Македонија од страна на Министерството за труд и социјална политика, предвидена за 2017 – 2027 година.

Комитетот одбележува и насилство врз медиумски работници, односно напад на новинарската екипа на „Нова ТВ“, како и инцидентот со екипата на интернет-порталот „Курир.“

„Во првиот случај, при нападот на новинарската екипа на „Нова ТВ“, повторно се работи за таргетирање „политички непријателски“ медиум и пружање отпор кон новинарските работници кои работат во правец на информирање на јавноста. Во вториот случај се работи за отстранување на снимателот на „Курир“ за време на јавна седница на Државната изборна комисија. Покрај осудата за случајот на напад врз новинарската екипа на „Нова ТВ“ од страна на Здружението на новинари на Македонија, осуда и за овој и за инцидентот со снимателот на „Курир“ дојде и од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ)“, се вели во соопштението.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.