среда , 23 август 2017
interpolzgrada-640x320

Хисени: Косово ќе се приклучи кон Интерпол во септември

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени верува дека Косово ќе ја добие потребната поддршка за да стане членка на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол до септември.

Тој призна дека, сепак, тоа ќе биде огромен предизвик. Хисени веќе формираше тим кој работи на членството на Косово во Интерпол.

Меѓутоа, се очекува дека Русија, Кина и некои африкански држави, да го блокираат приклучувањето на Косово во Интерпол.

За членството се потребни две третини од гласовите на членовите на Собранието на Интерпол.

Слични написи

к(5)

Шефот на египетската дипломатија Шамех Шукри ја откажа средбата со Џаред Кушнер

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја откажало денешната средба на министерот Самех Шукри …