вторник , 24 октомври 2017
human

„Хјуман рајтс воч“: Во Македонија владата преку рекламите врши притсок во медиуми

Новинарите од Западен Балкан се соочуваат со непријателска средина што ја отежнува нивната способност за критичко известување, се вели во новиот извештај на невладината организација „Хјуман рајтс воч“ за Западен Балкан.

Во извештајот се вели дека повеќе од една година откако „Хјуман рајтс воч“ забележале пречки во медиумската слобода во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора и во Македонија, владите во регионот и институциите на ЕУ не успеале да преземат конкретни чекори за решавање на прашањето.

„Владите имаат мала политичка волја да ја подобрат медиумската слобода. Некои новинари се соочуваат со гонење преку сомнителни кривични пријави, а владите доделуваат и ги задржуваат приходите од рекламирање во обид да го замолчат критичкото известување и да ја намалат независноста на медиумите“, се вели во извештајот.

Од организацијата заклучуваат дека во Македонија, како и во регионот, владата го користи своето рекламирање како средство за вршење притисок.

Извештајот го цитира Здружението на новинари на Македонија кое вели дека владата нема пронајдено осомничени за ниту еден од 30 напади на новинари кои ЗНМ ги регистрирало во последните четири години.

„Меѓутоа, владата уапси неколку новинари, често во сомнителни околности. Во 2013 година, властите во обвинија Зоран Божиновски, автор на критичкиот блог „Буревесник“, дека е дел од шпионска афера на неименувана странска влада. По барање на Македонија, тој беше уапсен во Србија каде што беше држен 10 месеци и потоа пуштен без поднесено обвинение. Во мај 2016 година, Божиновски беше повторно уапсен во Србија и екстрадиран во Скопје, каде што е притворен поради шпионажа, уцена и криминални активности“, велат од „Хјуман рајтс воч“.

Од организацијата велат дека сето ова се случувало за време на голема политичка криза со големи антивладинини протести, а како една од причините за кризата, од „Хјуман рајтс воч“ го посочуваат скандалот со прислушувањето што избувна во 2015 година, „откривајќи дека властите нелегално прислушувале повеќе од 100 новинари“.

„Полицијата тепала новинари во голем број случаи. Во април 2016 година, ЗНМ и ССНМ протестираа откако полицијата претепа новинар и фоторепортер при антивладин протест. Новинарите носеа официјални медиумски акредитации“, се вели на крајот од извештајот.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …