недела , 24 септември 2017
pusicEU

Хрватска ќе ја затвори границата за бегалците, ако тоа го стори и Германија

pusicEUХрватска ќе ја затвори својата граница за мигрантите, ако тоа го направи и Германија, изјави хрватскиот министер за надворешни работи, Весна Пусиќ, пренесе ТАСС.

– Кога Германија ќе ја затвори границата и Хрватска ќе ја затвори. Сите ќе ја затворат и ќе се добие домино ефектот, рече Пусиќ.

Унгарија многу ќе помогне доколку ги отвори своите граници и го дозволи протокот на мигранти, посочи уште таа, потенцирајќи дека Унгарците сами треба да ја донесат ваквата одлука.

Зборувајќи за тоа колку мигранти Хрватска може да остави на своја територија како постојани жители, Пусиќ рече дека нејзината земја би можела да се справи со најмногу 5.000 лица, но не и повеќе.

Хрватска утринава повторно ја отвори границата и на бегалците им дозволува многу бавен премин на своја територија и тоа во помали групи, јави Радио-телевизија Србија (РТС).

Хрватско-српската граница вчера, по два дена, на кратко беше отворена и повторно затворена, но од утринава бегалците повторно влегуваат во Хрватска.

Во првиот час од отворањето границата ја минаа околу 150 бегалци кои натаму на хрватска територија се превезуваат со полициски „марици“.

Бегалците се надеваат дека наскоро ќе биде зголемена пропусната моќ на границата и дека ќе може побрзо да минат. Просторот пред граничниот премин е долг неколку стотици метри и е преполн со луѓе.

Повеќето бегалци измината ноќ ја минаа под отворено небо, обидувајќи се  да се загреат со фолии и ќебиња што ги добиваат по влегувањето во Србија, додека некои од нив се обидуваат да запалат оган од дрвата што го пронашле во атарот на Шид.

Претставниците на УНХЦР и на Црвениот крст наведуваат дека „ноќта минала во маки“, но мирно додека нови бегалци и натаму пристигнуваат.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …