вторник , 26 септември 2017
ranko-ostouc-540x320

Хрватска приговара за странските војници на границата со Унгарија

ranko-ostouc-540x320Хрватска има приговори кон помошта на Чешка за заштита на надворешните граници на Шенген зоната во Унгарија, јавија локалните медиуми.

– Јас тоа не го гледам како пријателски гест. Доколку сакаат навистина да помогнат би требало да испратат луѓе на грчко-турската граница или во Македонија, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ во врска со распоредувањето на странски војници на унгарско-хрватската граница.

Унгарија на границата со Хрватска и со Србија постави бариера која треба да спречи масовна миграција.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Чешка во Унгарија на два месеци, испрати 21 чешки војник како логистичка поддршка за заштита на надворешната граница на ЕУ и шенгенскиот простор. На барање на Унгарија и Словачка испрати 50 полицајци за заштита на унгарско-српската граница.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …