вторник , 26 септември 2017
HTC-One-A9-Aero-Price-Release-date-specifications

HTC ONE го претстави новиот модел

HTC-One-A9-Aero-Price-Release-date-specifications
Компанијата ХТЦ денеска го претстави најновиот член на наградуваното семејство ХТЦ Уан, ХТЦ Уан А9.

Во него се обединети најуспешното од прочуениот дизајн и иновативност на ХТЦ и најновото од Андроид на Гугл, со што овој восхитувачки смартфон, кој не познава компромиси, се издвојува меѓу останатите.

– ХТЦ е пионер во областа на смартфоните, компанија која го создаде првиот Андроид смартфон, првиот Виндоус смартфон, првиот 4Г смартфон и првиот целосно метален смартфон, изјави Шер Ванг, претседател и извршен директор на ХТЦ.

– Денеска тоа иновациско искуство го носиме чекор понатаму, создавајќи телефон што се издвојува на пазарот, кој се повеќе е под доминација на компанијата која го контролира секој аспект од вашиот телефон. ХТЦ Уан А9 излегува од тие ограничувања со тоа што нуди неверојатен дизајн, фантастични перформанси, најсовремени софтверски решенија и целосна слобода да го контролирате вашето смартфон искуство, додаде тој.

Новиот ХТЦ Уан А9 нуди извонредни перформанси. Смартфон со метално куќиште во прекрасни бои и 5-инчен Амолед екран, изработен во 2.5Д Корнинг Горила Глас 4, претставува модел со голема издржливост.

Предната и задната камера на ХТЦ Уан А9 ви овозможуваат да направите прекрасни фотографии. Задната камера од 13 мегапиксели ја има карактеристиката за оптичка стабилизација на слика. Од друга страна, предната Ултра Пиксел камера ќе ви овозможи да го направите најдоброто „селфи“ поради Ултра Пиксел сензорот на ХТЦ кој доловува 300 отсто повеќе светлина од останатите камери во смартфоните.

Исто така смартфонот донесува неверојатен квалитет на звукот, со интегриран ХТЦ Бумсаунд во комбинација со сараунд технологијата на Долби Аудио.

ХТЦ Уан А9 располага со најсовремен софтвер, Андроид 6.0 Маршмелоу, со што со себе ги носи најновите иновации на Гугл и едноставноста на ХТЦ сенс уште со самото вклучување на телефонот.

Опремен со најновиот „Куалком Снапдрагон“ процесор со интегрираните X8 ЛТЕ и 64-битни осум-јадрени процесори, ХТЦ Уан A9 е дизајниран за да овозможи совршена рамнотежа меѓу моќните перформанси, брзата поврзливост и подолгото времетраење на батеријата.

Од ноември 2015 година овој моќен смартфон и сите негови додатоци ќе бидат достапни на пазарот ширум светот.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …