недела , 22 октомври 2017
tetovsko-poplavi

Хуманитарна помош од ИВЗ за поплавените подрачја во тетовско

tetovsko-poplaviХуманитарна помош од 200 пакети и околу два милиони денари добија четири џамии во Мала и Голема Речица од Исламската верска заедница како помош за погодените лица од поплавите што на трети септември го зафатија тетовско.

Според поглаварот на ИВЗ, Реис-Ул-Улема ефенди Сулејман Реџепи, станува збор за дел од помошта што во изминатите две недели по молитвите во петок е собрана од верниците.

– Собрани се вкупно 14 тони храна, хигиенски средства и друг материјал, а собраните пари се делат на мутвелиите на џамиите и имамите кои потоа имаа направено списоци на лица што треба да добијат хуманитарна помош. Вкупната вредност на собраните и материјални средства и пари изнесува помеѓу 80 илјади и 90 илјади евра. На овој начин сакаме да ја искажеме солидарноста со оние кои претрпеа штети од поплавите и истовремено упатуваме молитва до Алах овие случувања да не се повторат никаде на територијата на Македонија изјави поглаварот на ИВЗ при денешната посета на Горна џамија во Мала Речица.

На примопредавањето на помошта присуствуваа и тетовскиот и гостиварски муфтија Ќани Несими и Шаќир Фетаи, како и претседателот на хуманитарната организација Ел Хилал, Мустафа Даути

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …