вторник , 24 октомври 2017
хуман

Хуманитарна помош по повод Рамазан бајрам

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, организацијата Ахмедија џамад во Македонија додели хуманитарни пакети по повод празникот Рамазан бајрам. Беа поделени 450 пакети со храна во Берово, Пехчево и селото Црник, како и во Виница и Кочани.

Даут Бајрактаров од Пехчево, член на оваа организација која во Македонија постои 20 години, истакна дека вакви хуманитарни пакети, организацијата дели за двата големи муслимански празници.

– Секоја година делиме ваква помош, не ги делиме луѓето по вера, туку испраќаме порака до сите „Љубов секому, омраза никому“. Традиционално доделуваме прехранбен пакет и се надевам дека нашите роднини, пријатели, комшии ќе ја сфатат нашата порака за „Љубов секому, омраза никому“, рече Бајрактаров.

Како муслимани, додаде, имаме два празника, едниот е Рамазански бајрам, другиот е Курбан бајрам.

– По месецот на постот, ние го славиме Рамазан бајрам. Пакетите ги делиме меѓу граѓаните и не правиме никаква разлика дали се муслимани или христијани, на сите ние помагаме, сите се создадени од Бога. На секаде во светот делиме вакви пакети, кога е Курбан бајрам делиме пакети со месо, рече Васим Ахмед претседател на Ахмедија џамаад во Македонија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …