вторник , 24 октомври 2017
20170717110721

(ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ) ОТКАЖАЛЕ СВАДБА ОД 30.000 ДОЛАРИ: Со парите почестиле бездомници

Невеста од Индијана по откажување на свадба од 30.000 долари не сакала сета храна да пропадне и решила да ги почести бездомниците.

Сара Каминс на бездомниците им овозможила вечера со бурбон, пилешки гради, козјо сирење и свадбена торта.

Таа и свршеникот ја откажале свадбата, но не можеле да ја добијат назад уплатата за 170 гости, по што се решила на еден ваков чекор.

„За мене беше важно да им докажам на луѓето дека заслужуваат да бидат на вакво место како и секој друг“ – вели девојката.

Неколку локални компании и поединци дадоа облека, костуми, фустани за бездомниците за да дојдат соодветно облечени на вечера во ресторанот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …