сабота , 21 октомври 2017
received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на Ное да направи нешто необично. Му рекол да изгради голема арка.

Арката била голема како брод, но повеќе личела на голема долгнавеста кутија. “ Направи ја на три ката,, му рекол Бог, и на секој кат направи соби.“ Собите биле за Ное и за неговото семејство, за животните и за храната што им била потребна на сите нив. Бог рекол ќе пуштам вода, па ќе настане голем потоп и ќе го уништам светот. Секој што не е во арката ќе умре.
Ное и неговите синови го послушале, Јехова и почнале да градат. Но другите луѓе само им се смееле.

Никој не верувал на Ное кога кажувал што ќе направи Бог.
Било потребно многу време за да се изгради арката, бидејќи била толку голема .
На крајот по многу години била завршена.

И биднаа безмалку педесет дена, од новата Влада која пред три години од изборите 2014 година кога Зоран Заев во име на Социјалдемократскиот Сојуз одлучи да не ги признае резултатите од изборите. И тргна најдолгиот пат на социјал демократите до симнување на единаесет годишен режим на Никола Груевски.

На тој пат имаше многу непредвидени ситуации и многу нешта кои многумина ги доведуваше до сомнеж дека не е возможен успех на начин на кој што го предвиде Зоран Заев.
Со глас и пенкало, против најголемиот режим кој Македонија досега го памети во својата историја.

И се случи реформска влада и се сруши единаеесет годишен режим, диктатура со збор, пенкало и неколку лузни по телата на оние најхрабрите.
И биднаа безмалку педесет дена на чело со Премиерот Зоран Заев.

Почнаа реформи се инсталираа нови луѓе започна од почеток , народски кажано од потоп изградба на нови демократски принципи и соживот на сите етникуми, охрабрувајќи и подржувајќи ги сите граѓани на Република Македонија, кои во текот на овие години беа обесхрабрени, дискриминирани и без било каква надеж за подобра перспектива и посветло утро.

Го укина екстерното, го стопира Кембриџот во средното образование, од септември се воведува минимална плата од дванаесет илјади денари, работи посветено на ЕУ и НАТО, ги подобрува меѓусоседските односи, исплата на субвенции на повеќе земјоделски производи, се подобрува инфраструктурата, се бара најдобриот можен начи за згрижување на социјалците и помош за стечајците, се подобрува здраството и здраствените услуги …… почнаа судските процеси, паднаа првите обвиненија и притвори за луѓето кои ја уништија ја опустошија и ја разнебитија нашата Македонија, со еден збор што би се рекло се чуствува позитивна атмосфера и вибрации за подобар живот.

Но ова е само почеток.
Сакам да верувам и граѓански и политички коректно е да верувам дека навистина ….
ЗБОРОТ Е ЗБОР – Заев.

 

М. Манолева

Слични написи

kolumna azmanoski

Пазете што правите, за брзо се враќаме (од затвор) !

Работната недела која помина имав прилика да седнам и поразговарам со голем број на познаници и …