вторник , 26 септември 2017
bekenbauer-540x320

И Франц Бекенбауер под истрага во ФИФА

bekenbauer-540x320Продолжува серијата скандали поврзани со ФИФА, откако денеска беше соопштено дека и Франц Бекенбауер се наоѓа под истрага на Комитетот за Етика. Истрага започна и против Анхел Марија Вилјар, кој е потпретседател на извршниот комитет во ФИФА уште од 1998 година.

Причините за истрагата против Бекенбауер официјално не се познати, но најверојатно тој учествувал во купување гласови за Германија да ја добие организацијата на мундијалот во 2006 година. Германски медиуми пред десетина дена објавија нови докази дека Германската Фудбалска Федерација на нелегален начин победила во тие избори.

-Веќе е отворена постапка против Анхел Марија Вилјар и Франц Бекенбауер, за која ќе решаваат соодветните тела, соопштија од ФИФА.

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер веќе доби суспензија од 90 дена за извршување на претседателската функција, истата казна му беше изречена и на Мишел Платини, кој не смее да раководи со УЕФА во 90 дена.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …