вторник , 26 септември 2017
migrantigevgelija2-670x320

И покрај зголемувањето на бројот на мигранти, нема да има нови прифатни центри

migrantigevgelija2-670x320Иако секој ден се зголемува бројот на мигранти во Македонија, нови прифатни центри нема да бидат отворени, ниту пак се размислува за истото. Според кабинетот на претседателот, од каде вчера излегоа со став дека мигрантите поминуваат неколку часа во прифатните центри, велат дека нема застој на мигрантите, со што нови центри или проширување на веќе постоечките е непотребно.

Според нив, засега нема никакви проблеми бидејќи никој од нив не останува во државата, туку целат кон крајните дестинации. Според нив, проблеми во Македонија нема, а нивниот престој во државата е само доколку некој од нив има медицинска или друга потреба.

Инаку, меѓу мерките на мини-самитот кој викендов се одржа во Брисел, предвидено е да се градат кампови, долж Балканскиот коридор и земјите на ЕУ. Во нив би требало да се згрижат 100 илјади бегалци во прифатните центри на нивната рута од Грција до Германија.

Половина од нив ќе бидат во Грција, додека другата половина низ другите земји.

Од Kабинетот на претседателот вчера додадоа дека Македонија месечно троши еден милион евра за персоналот на границите, заедно со трошоците за амортизација на возила. Иако Европската комисија ветила дека ќе исплати помош од 24 милиони евра, засега Македонија добила помош во износ од 90 илјади евра кои не се слеани во буџетот, туку се влезени преку Меѓународниот црвен крст.

Само годинава, на јужната граница во Македонија влегле 424.656 бегалци. Просекот се зголемува за 20 луѓе дневно, а најголем прилив во последниве месеци имa од Авганистан.
Сите кои побарале азил во Македонија поради здравствени проблеми сега се заминати надвор од земјава.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …