среда , 18 октомври 2017
tomislavsalopek2-640x320

ИД преку радио објави дека египетскиот клон на групата го убил хрватскиот заложник

tomislavsalopek2-640x320Во радио пренос за активностите на Блискиот Исток терористичката група „Исламска држава“ денеска соопшти дека нејзиниот египетски клон го убил хрватскиот заложник, еден ден откако снимка на обезглавен труп беше објавена од поддржувачи на групата.

Министерството за надворешни работи на Египет изјави дека силите за безбедност се уште немаат потврдена информација за обезглавувањето.

Снимката објавена на Твитер од поддржувачи на групата „Провинција Синај“ покажува отсечена глава на човек, поставена врз неговото тело со црно знаме на ИД во позадина.

До фотографијата беа поставени снимки од статии на арапски јазик со наслови како, „Хрватска ја потврдува поддршката за Египет во напорите за борба против тероризмот и екстремизмот“ и „Хрватска ја потврдува поддршката за Курдистан“.

Во денешна радио емисија за активностите на Блискиот Исток ИД објави дека во провинцијата Синај војници на калифатот убиле хрватски заробеник, чија земја учествува во војната против ИД, откако истекол крајниот рок.

Минатата недела на Интернет беше објавено видео на кое човек, кој е идентификуван како хрватски државјанин Томислав Салопек, како изјавува дека групата ќе го убие во рок од 48 часа ако не бидат ослободени муслиманките во египетските затвори.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …