недела , 22 октомври 2017
carbomb-exploded-685x320

ИД презеде одговорност за експлозијата во Каиро

carbomb-exploded-685x320Џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска презеде одговорност за експлозијата на автомобилот-бомба пред полициската станица во Каиро, во која се повредени најмалку 29 лица, меѓу кои шест полицајци.

– Борците на ИД успеаја да извршат напад со автомобил-бомба врз зградата на полицијата во центарот на Каиро, се наведува во соопштението на екстремистичката група, објавено на Твитер.

Бомбата поставена во предградието Шубри во Каиро, пред зградата во која се наоѓа центарот за истражување закани по националната безбедност, експлодирала во текот на минатата ноќ.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …