понеделник , 23 октомври 2017
belgiskivojnik

ИД се закани со напади врз училишта и болници во Белгија

belgiskivojnikТерористичката група Исламска држава се закани со атентати врз училишта и болници во Белгија, информира денеска бриселскиот дневен весник „Соар“, цитиран од ТАСС.

Заканата била пренесена преку аудио порака од 20-годишниот Абдела Најман, кој бил жител на градот Антверпен, но сега војувал во редовите на ИД во Сирија. Тој кажал дека потенцијални цели за напад се „библиотеки, училишта, болници, трговски улици и дискотеки“.

Според проценки на белгиските антитерористички служби, во кралството сега живеат над 100 радикални исламисти, кои се вратени дома по учеството во борбените дејствија во Сирија на страната на ИД.

Правосудните органи сметаат дека уште над 300 белгиски платеници и натаму војуваат во Сирија и Ирак. Поголемиот дел од нив припаѓаат на втората генерација арапски мигранти и имаат белгиско државјанство.

Белгија се наоѓа на првото место во Европа како сооднос меѓу бројот на исламисти кои војуваат во Сирија и вкупниот број на население. Во кралството живее една од најмногубројните арапски заедници.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …