вторник , 26 септември 2017
id-isil-540x320

ИД уби 70 припадници на едно од најголемите племиња во провинцијата Анбар

id-isil-540x320Терористичката група Исламска држава (ИД) уби 70 припадници на племето „Ал Бунимар“, кое е едно од најголемите во ирачката провинција Анбар, изјави денеска лидерот на племенската заедница Наим ал Кауд.

Тој истакна дека борци на ИД синоќа киднапирале 70 лица од племето, кои живеат во реонот Ел Сарсар, северно од главниот град на провинцијата Рамади.

– Тие се застрелани од екстремистите само на неколку километри од нивните домови, нагласи Кауд.

Лидерот на „Ал Бунимар“ додаде дека сите убиени се „татковци и сестри на оние, кои се приклучиле кон редовите на армијата и полицијата кои се борат против ИД“. 

 

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …