недела , 22 октомври 2017
dzihadistiIDID

ИД зазеде клучен град во Сирија

dzihadistiIDIDИсламска држава зазеде денеска клучен град во централна Сирија по жестоки борби со силите на претседателот Башар Асад. Тоа е најголем пробив на радикалите откако го зазедоа историскиот град Палмира, соопштија сириски активисти.

Густо населениот градт Карјатејн се наоѓа на југозапад од Палмира на околу 85 км. од Хомс. Заземањето овозможува ИД да се поврзе со региони под контрола во и околу Памира со реони во источната област Каламун во провинцијата Дамаск.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека терористите првично извршиле три самоубиствени напади врз контролни пунктови на армијата на влезот во градот. Во градот живеат околу 40 илјади жители – како и неколку илјади внатрешно раселени лица кои побегнале од Хомс.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …