четврток , 19 октомври 2017
zvucnik

iHome Zenergy звучник за подобар сон

Добро одморање е едно, но имање квалитетен сон е нешто сосема друго. Може да го имате најскапиот и нај удобниот кревет во светот, но доколку навечер имате потешкотии да заспиете во него, тоа значително ќе ви влијае на здравјето.

iHome го знаат ова, и со надеж дека ќе ви помогнат да заспиете подобро и да се одморите „како човек„, го имаат создадено iZBT10 звучникот за терапија за спиење, кој е дел од нивната серија на производи Zenergy, кои инаку имаат поддршка од клиничкиот психолог и експерт за проблеми со спиење Dr. Michael Breus.

Звучникот користи терапија со звук и светлина за воспоставување на здрави циклуси спиење. Звучната терапија се заснова на специјално изработени и снимени звуци, создадени со цел да ги елиминираат иритирачките звуци од околината. Ова помага да се сталожи умот, што резултира со подобар сон во текот на вечерта и зголемен фокус во тек на денот.

Светлосната терапија функционира со тоа што асистира при израмнувањето на нашиот циркаден ритам, поточно „внатрешниот часовник“. Оваа терапија го симулира менувањето на брановите должини на светлината кои се случуваат природно во текот на денот, за кога на нив сме изложени навечер, во организмот предизвикуваат суптилни биолошки реакции како што се зголеменото производство на мелатонин, како и по релаксирано чукање на срцето.

iHome iZBT10 има 10 комбинации на звуци кои можат да се адаптираат по потреба, и исто толку специјално дизајнирани светлосни програми. Покрај ова, има и аларм, FM радио, како и Bluetooth конективност за преку него да пуштате музика од било кој BT уред, а преку USB портот може да ги полните мобилните уреди.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …